РИСТОСКИ, Кирил

РИСТОСКИ, Кирил (Прилеп, 14. Ⅺ 1948) – актер и педагог. Дипломирал на Одделот за драмски актери на Високата музичка школа во Скопје (1976/77). Член е на Драмата на МНТ (1978–1988). Со педагошка дејност се занимава од 1982 г. како асистент, а од 1988 е професор по актерска игра на ФДУ во Скопје. Ја врши функцијата претседател на Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1997–2006).
Улоги: Иванов, Дон Кихот, Тартиф, Спиро Црне, Колобан, Арсениј (во истоимените дела), Котузов („Полковникот птица“), Бота („Среќна Нова ‘49“) и др. Играл во десетина филма, во над 30 ТВ драми, во ТВ филмови и во над стотина радиодрами. Р. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *