РИФАИ ТЕЌЕ

РИФАИ ТЕЌЕ (Скопје, 1818) – верски активен објект на рифаискиот дервишки ред. Основано од Мехмед-ефенди, син на Исмаил, по потекло од Тетовско, кој бил и прв шејх на теќето. Се состои од текиска зграда, во која дервишите ги вршат обредите, и турбе со 14 гроба. Во дворот на теќето се гробовите на дервишите.
ЛИТ.: Ванчо Бошков и Фетах Исхак, Рифаиското теќе во Скопје, „Гласник на ИНИ“, бр. 2, Скопје, 1958; Лидија Кумбараџи-Богоевиќ, Османлиски споменици во Скопје, Скопје, 1998; Лилиана Масуловиц Мар-сол, Струцтуре ет импацт де ла цонфрерие дес Рифаис а Скопје, Парис, 1982. Др. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *