РОБЕВ, Димитар

РОБЕВ, Димитар (Охрид, 1822– 1890) – виден претставник на македонското граѓанство, застапник за создавање македонско кнежевство во времето на Источната криза. Се школувал во Јанина и во Атина. Се застапувал за еманципација на македонскиот народ од елинизмот и за обновување на Охридската архиепископија како автокефална црква. Се ангажирал за ослободување од затвор на браќата Миладиновци. Бил еден од основачите на Битолската црковно-училишна општина. Помогнал околу изградбата на народноопштинските цркви „Св. Недела“ (1863) и „Св. Богородица“ (1871) во Битола. Пратеник во Османлискиот парламент (1876).
ЛИТ.: А. Трајановски, Црковно-училишните општини во Битола во раниот период на преродбата. зб.: Научна мисла – Битола 1980, ДНУ – Битола, 1980. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *