РОБЕ(В), Константин Ангелов

РОБЕ(В), Константин Ангелов
(Охрид, 1818–1900) – лекар. Потекнувал од охридско трговско семејство. Медицина завршил во Виена во 1842/43, а потоа се посветил на успешна лекарска практика во Охрид и во Битола. Истовремено, се вклучил во реализацијата на преродбенското дело, водејќи беспоштедна борба со асимилаторската грчка политика во училиштата и во црквите, за воведување на словенскиот јазик во нив. Тој бил особено ангажиран и околу отстранувањето на омразениот грчки владика Мелетиј и раскинувањето на охридското граѓанство со Патријаршијата (1867). Учествувал и во познатиот Охридски и Демирхисарскиот заговор (1881). П. Б.
Димитар
Робев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *