РОВЕЦ

РОВЕЦ (Грѕллоталпа грѕллоталпа Л.)
– правокрилен инсект. Познат штетник од фамилијата ровци (Грѕллоталпидае). Живее во бавчи и тревници. Активен е ноќе. Копа ходници во земјата со силните предни нозе. Се храни со штурци,

ларви од инсекти и со ко
рења. Во шуп
лините под земја женката полага 200–300 јајца; по три недели се развиваат ларви кои презимуваат под земја. Распространет е во Средна Европа, но го има и во Македонија.
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991.
В. Т. К. – М. Кр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *