РОЖДЕСТВЕНСКИ, Роберт

РОЖДЕСТВЕНСКИ, Роберт (Роберт РождественскиŸ) (Косиха, 10. Ⅱ 1932 – Москва, 3. Ⅺ 1994) – руски поет, професионален писател. Со своите стихови пишувани концизно и прецизно предизвикал спонтано одушевување од широкиот аудиториум. Тој станал и првиот лауреат на Златниот венец на СВП во 1966 г., за песната Се роди човек (препев Г. Тодоровски). Неговите реторични стихови имаат извесен публицистички карактер, полни со ритам и со ентузијазам, инспирирани од книжевната традиција и посебно од Мајаковски. Мошне силен впечаток оставила неговата книга Реквием (1961) со стихови посветени на татковинската војна против фашизмот.
ЛИТ.: Се роди човек, Мисла, Скопје, 1970.
П. Гил.

Икона: Ана, Богородица и Јоаким (ⅩⅠⅩ в.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *