РОЛЕВ, Стефан

РОЛЕВ, Стефан (с. Врбени, Леринско, 15. Ⅷ 1865 – Битола, 24. ⅩⅠⅠ 1969) – учител по гимнастика, војвода на ВМРО. Завршил егзархиска гимназија во Битола. Бил учител по гимнастика, популаризатор на повеќе спортови. Бил член на ВМРО, атентатор, инструктор и војвода во Илинденското востание во Леринско (1903). Потоа патувал по европските земји и во САД, каде што добро се запознал со гимнастичките системи и спортот. Здобиените искуства ги пренесувал на своите ученици и на членовите на

Бигленски јунак“ во Лерин и


Пелистерски јунак“ во Битола (1908–1912). Бил надарен со извонредна атлетска конституција. Приредувал јавни настапи во боречки спортови и вештини.

ЛИТ.: Јонче Доневски, Стефан Ролев (1865–1969) учител по гимнастика и многустран спортист во Југозападна Маке
донија. „Прилози за историјата на физичката култура на Македонија“, Скопје, 1978, 101–108. Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *