РОМАНО, Моше Аврам

РОМАНО, Моше Аврам (Сараево, 1894 – Треблинка, 1943) – рабин. Бил главен рабин во Битола (1931–1943). Со Леон Камхи патувал низ поважните еврејски центри во Југославија барајќи решавање на „битолскиот проблем“ (најсиромашната еврејска заедница во Југославија) за добивање поголема квота сертификати за иселување во Палестина. Бил депортиран во Треблинка и убиен.
ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт
Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *