РОМАНСКА ПРОПАГАНДА

РОМАНСКА ПРОПАГАНДА.
–Дејност на романската пропаганда во Македонија сред влашкото население започната со формирањето на Македо-романскиот комитет во Букурешт (1860). Романската пропаганда во почетокот била ориентирана кон отворање училишта. Првото училиште на романски јазик во Македонија било отворено во 1864 г. Апостол Маргарит бил главниот претставник на оваа пропаганда. Малку подоцна во Букурешт би-ло формирано Македоно-романско културно друштво за ширење на романската пропаганда (1879). Романската влада отворила конзулати во Солун и во Битола, кои ги координирале активностите на пропагандата. Романската пропаганда се судрила со грчката пропаганда, која Власите ги сметала за Грци. Со акт на султанот (1905), Власите во османлиската држава биле признаени како посебна романска заедница.
ЛИТ.: Катерина Тодоровска, Македо-романско друштво за култура, Скопје, 2002. Д. Јов.

Пецо Ромев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *