РОСОКЛИЈА, Горазд Блажов

РОСОКЛИЈА, Горазд Блажов
(Скопје, 21. Ⅳ 1949) – спец. невропсихијатар, вонреден проф. на Колумбија универзитетот во Њу-

Ромки во традиционална празнична носија

Горазд Росоклија
јорк (САД) (од 2006). Дипломирал на Мед. ф. во Скопје во 1976 г. Се вработил на Клиниката за нев-
Селото Росоман (сателитска снимка)
ропсихијатрија при Мед. ф. во Скопје и станал специјалист–невропсихијатар. Одбранил докторат по медицински науки (невропсихијатрија) во 1990 г. на Мед. ф. во Скопје. За доцент при Катедрата за невропсихијатрија бил избран во 1990 г. Се усовршувал по невропатологија во Париз (1985–1986). Од 1992 г. работи како истражувач во Одделот за неврологија и психијатрија на Цоллеге оф Пхѕсицианс анд Сургеонс оф Цолумбиа Университѕ во Њујорк, САД. Го истражува нервниот систем. Покажал дека настанувањето на дијабетичната невропатија е потпомогната со активацијата на комплементот што овозможило успешно лекување со интравенозно давање имуноглобулини, како и дека постои голема загуба на дендритични шилци во субикулумот кај болните од шизофренија. Овие морфолошки наоди може да се користат при евентуална невропатолошка класификација на главните психијатриски нарушувања. Развил метод за импрегнација на мозочното ткиво што ги олеснува иследувањата во невропатологијата. Со колегите од РМ создал банка на мозочно ткиво. Соработува со колегите од РМ во усовршувањето на кадри од земјава, со публикација на трудови и реализација на научноистражувачки проекти. Своите бројни истражувања ги отпечатил во познати светски списанија. Вљубеник е во планинарството, ги совладал највисоките планински врвови во светот, вклучувајќи го и Монт Еверест на Хималаите, за што добил највисоки признанија. Избран е за надворешен член на МАНУ на 10. Ⅵ 2006 г.
ИЗВ.: Билтен, Изборно собрание на МАНУ, Скопје, 2006. М. Пол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *