РОСОМАН

РОСОМАН – село во Кавадаречко. Се наоѓа на левата страна на Црна Река, во близина на нејзината утока во Вардар, на надморска височина од околу 135 м. Низ селото поминува магистралниот пат М–5, а со локален пат е поврзано со Кавадарци. Има 2.554 ж. од кои 2.285 се Македонци, а 138 Срби. Населението се занимава главно со овоштарство, посебно со одгледување праски. Тоа е седиште на општина што зафаќа површина од 13.290 ха, со 10 населени места во кои живеат 4.141 ж. Постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *