РОСТУШЕ

РОСТУШЕ – село во долината на
р.
Радика. Се наоѓа во источното подножје на планината Дешат, од десната страна на р. Радика, на надморска височина од околу 720

м.
Со регионалниот пат Р–409 е поврзано со Дебар и со Маврово. Има 720 ж., од кои 394 се декларирани како Македонци, 427 како Турци и 41 како Албанци. Дел од населението се наоѓа на привремена работа во странство и тоа најмногу во Италија. Тоа е седиште (заедно со Маврово) на општина што зафаќа површина од 66.319 ха, со 42 населени места, во кои живеат 8.618 ж. Постои осумгодишно училиште, здравствена станица и текстилна фабрика. Ал. Ст.

РОТ, Алфред (Ваитен, швајцарија 21. Ⅴ 1903 – 20. Х 1998) – архитект. Дипломирал на Федералниот институт за технологија во Цирих (1926). Редовен професор е на повеќе универзитети во САД и во Цирих. Работел во ателјето на Ле Корбизје и Пјер Женерет во Париз (1927–1928). Се занимавал со

Алфред
Рот

архитектонско проектирање и е експерт за проектирање на училишни објекти. Имал сопствено архитектонско ателје во Цирих. Претставник е на модерната. Негово дело во Македонија е ОУ „Ј.
Х. Песталоци“ во Скопје (1967). Објавил повеќе статии во стручни
списанија во швајцарија и автор е на неколку книги од областа на архитектурата. Бил почесен и дописен член на повеќе институти и академии во светот. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 7. Ⅴ 1991 г. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *