РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ

РУДЕРАЛНА ВЕГЕТАЦИЈА НА РМ – специфичен секундарен вегетациски тип што се развива во човечки населби и во други антропогено условени средини, како што се местата покрај куќи, патишта, железнички пруги, градилишта, урнатини, насипи, бачила, депонии, ѕидини и други станишта, кои се постојано или повремено под директно или индиректно човеково влијание. Рудералната вегетација се карактеризира со многу изразена динамичност, променливост, нестабилност, фрагментираност и претставува постојан придружник на човечките населби и составен дел на најнепосредната животна и работна околина на човекот. Во РМ оваа вегетација е застапена со околу 30 асоцијации што се среќаваат на целата територија. Тие се групирани во неколку вегетациски сојузи (Цхеноподиум муралис, Хордеион, Сисѕмрион, Дауцо-Мелилотион, Онопордион ацантхии, Галио-Аллиарион, Арцтион, Бидентион трипартити, Полѕгонион авицуларис), редови (Цхеноподиеталиа, Сисѕмриеталиа, Онопордеталиа, Галио-Цонволвулеталиа, Артемисиеталиа, Бидентеталиа трипартити, Плантагинеталиа мајорис) и класи (Цхеноподиетеа, Артемисиетеа, Бидентеа трипартити, Плантагинетеа мајорис). Вл. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *