УШТЕ како студент М

УШТЕ како студент М. Д. П. пројавил склоност кон научна работа. Се зафаќа со најтешки проблеми од класичната филологија, како дефиницијата на трагедијата од Аристотел, прогласена од Гудеман за нерешлив проблем. Признато му е дека при нивното решавање покажува голема смелост, инвентивност и оригиналност. Со минуциозна анализа на текстот од целата Поетика на Аристотел покажа дека т.н. „трагична катарса“ е всушност фикција, настаната поради погрешно дополнување на оштетеното место од текстот во 6 гл. и погрешно поврзување со
„музичката катарса“ (8 кн. гл. 7 од Аристот. Политика). Во Поетиката М. Д. П. има направено преку 50 емендации, но најважната му е во гл. 6 за дефиницијата на трагедијата, каде што зборовите патхематон катхарсин ги замени со прагматон сѕстасин. Веднаш по дешифрирањето на линеарното Бе писмо активно се вклучува во интерпретација на микенските натписи и со своите соработници во Скопје организира Микенолошки центар. Најголем интерес пројавува кон проблемите од областа на лингвистиката и историјата на грчкиот јазик.
ЛИТ.: П. Хр. Илиевски, Михаил Д. Петрушевски, „ЖА“, 21, 1, 1971, 5&17; Од научната дејност на акад. М. Д. Петрушевски, „ЖА“, 31, 1&2, 1981, 7&28; За античката просодија во македонски препев, Матица македонска, Ск. 1997; М. Д. Петрушевски и списанието

Жива антика“ (по повод 80-годишнината од раѓањето и годишнината од смртта, „Прилози“, МАНУ, ООН, 1992, 23/1, 45&62;

В.
Митевски, Акад. Михаил Д. Петрушевски, „ЖА“, 40, 1990, 17&19. П. Хр. Ил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *