УШТЕ од првите денови на окупацијата, македонскиот народ почна организиран отпор и подготовки за оружена борба, предводена од македонските комунисти и патриоти, главно членови на КПЈ и СКОЈ

УШТЕ од првите денови на окупацијата, македонскиот народ почна организиран отпор и подготовки за оружена борба, предводена од македонските комунисти и патриоти, главно членови на КПЈ и СКОЈ. Тие на македонски јазик ги издаваа весниците „Дедо Иван“ (Куманово), „Народен билтен“ (Велес) и др. (1941), а во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Велес и во други места избувнаа ученички штрајкови (1941). Оружениот отпор пак започна непосредно по германскиот напад на СССР (22. Ⅵ 1941). Во Пиринскиот дел на Македонија Иван Козаров ја формира првата партизанска група (27. Ⅵ 1941), а непосредно по неа беа формирани и партизанските групи на Никола Парапунов и Костадин Кантарџиев, поради што бугарските власти презедоа апсење на околу 150 антифашисти. Во повеќе градови на Вардарскиот дел на Македонија беа организирани масовни илинденски демонстрации (2. Ⅷ 1941). Истиот месец скопските диверзанти извршија успешни диверзии во рудникот за хром Раду-

Диверзантска акција на Железничката станица
во Скопје (1941)

ша, на аеродромот Петровец, на железничката линија и на други објекти, а потоа беа формирани и Скопскиот НОП одред (22. Ⅷ 1941) и Прилепската партизанска чета (12. Ⅸ 1941). Прилепските илегалци извршија оружен напад на бугарските војници кај Богомилскиот тунел (16. Ⅺ 1941). Наскоро потоа, по одлука на Покраинскиот воен штаб на ПК на КПЈ за Македонија беше формиран Прилепскиот НОПО „Гоце Делчев“ (11. Ⅹ 1941), кој изврши напад на окупаторските сили во Прилеп, а наредниот ден беа формирани и двата кумановски одреда – Козјачкиот и Карадачкиот НОП одред. По нивното разбивање или расформирање се формираа четири нови одреди во Скопско, Битолско, Прилепско и Велешко (во пролетта 1942). Покраинскиот воен штаб беше преименуван во Главен штаб на НОПО, на чело со

Могилата на непобедените во Прилеп
Михаило Апостолски (летото 1942) и беа формирани уште четири одреди во Битолско, Крушевско, Мавровско и на шар Планина (летото и есента 1942). Во Пиринскиот дел на Македонија беа

Михаило Апостолски
формирани нови партизански групи во Горноџумајско, Неврокопско и Петричко и беше извршен оружен напад на германската станица за врски во Горна Џумаја (1942). Во Воденско, во Егејскиот дел на Македонија, беше формирана Македонската антифашистичка организација (МАО). ширум Македонија беа покренати нови илегални весници: „Политички листок“ (Кавадарци), „Народен глас“ (Прилеп), „Весник“ (Скопје), „Билтен“ (Битола), „Октробрис“ (Куманово), „Неделен весник“ (Тетово), „Народен глас“ (Штип) и др.

Партизани на планината Мукос (1942)
По формирањето на КПМ и ЦК на КПМ (Тетово, 19. Ⅲ 1943) беше решено ГШ на НОПОМ и другите воени штабови да излезат на терен за непосредно раководење на оружената борба. Беа формирани и пет обласни комитети на КПМ и пет оперативни зони на НОВ и ПОМ, со задача да се поврзат со воено-политичките раководства на отпорот во Албанија, Бугарија и Грција. Во Пирински-

Слободните територии во Македонија во 1942 г.
(означени со сина боја)

от дел на Македонија беше фор
миран НОПО „Јане Сандански“
(1. Ⅴ 1943), а потоа и НОПО „Никола Калапчиев“ во Горноџумајско, НОПО „Антон Попов“ во Петричко и партизанските чети во Светиврачко и во Мелничко. Беа создадени силни жаришта на оружената борба во Дебарца, Преспа, Тиквешко, Гервгелиско и Кумановско.

Дел од делегатите на Преспанското советување
(2. Ⅷ 1943)
На Преспанското советување (2. Ⅷ 1943) беше решено да почнат подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власта во македонската држава, да се формираат баталјони и бригади, коман-

Воденицата на Карадак каде што бил разбиен Карадачкиот народноосло-Некролог за загинатите борци на Козјачкиот и Карадачкиот бодителен партизански одред (12. Ⅹ 1941) народноослободителен одред (1945)
ди на местата и на подрачјата, обласни и околиски НОО. Наскоро потоа беше формиран Народноослободителниот баталјон „Мирче Ацев“ (18. Ⅷ 1943) како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ.
По капитулацијата на Италија (8. Ⅸ 1943) единиците на НОВ и ПОМ запленија големо количество оружје и муниција. На сло

Разоружување на италијанската фашистичка војска во Западна Македонија
бодните територии се создаваа и легални НОО, беше формиран првиот легален Околиски НОО во слободното Кичево (26. Ⅸ 1943), беа организирани санитетска и амбулантна служба, беа отворени првите училишта на македонски наставен јазик и се одржа Првиот свештенички народен собор како зачеток на автокефалноста на МПЦ. Издавачката дејност на македонски јазик добиваше уште поголеми размери. Беше објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ (во почетокот на октомври 1943) како програмски документ за целите на НОАВМ. При ГШ пристигна и првата англиска сојузничка мисија како значаен акт на меѓународно признание на НОАВМ. Воените сили на НОВ и ПОМ нараснаа на 6 баталјони, една чета со тешко оружје и една батерија топови (Џ-Ⅺ 1943), а беше формирана и Првата македонско-косовска НОУ бригада (11. Ⅺ 1943). ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ го формираа Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ (втората половина на ноември 1943) и беа избрани 42 делегата за Второто заседание на АВНОЈ (Јајце, 29. Ⅺ 1943), кои поради воените услови не успеаја да учествуваат во неговата работа. Во Костурско и Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, беа формирани Славјаномакедонскиот народноослободи-

Поделбата на Македонија на оперативни зони на НОВ и ПОМ и пет обласни комитети на КПМ (1943)
телен фронт (СНОФ, октомври 1943 – април 1944) и Славјаномакедонската ослободителна војска (СОВ) како вооружен дел на СНОФ, во чии рамки дејствуваа НОПО „Лазо Трповски“ и НОПО „Вичо“. ГШ на НОВ и ПОМ почна да води покрупни воени операции. Беше формирана Вто-

Слободни територии во Македонија во 1943 г.
рата МНОУ бригада (с. Фуштани, Мегленско, 20. ⅩⅠⅠ 1943) и по два дена таму се одржа и Првиот конгрес на НОМСМ, со учество на 288 делегати од младинските организации. Воените единици ус-пешно им се спротиставуваа на надмоќните непријателски сили во едномесечниот Февруарски поход (1944) во должина од ок. 400 км, во најнеповолни временски услови, и во Пролетната офанзива (25. Ⅳ – 19. Ⅵ 1944). НОАВМ веќе доби масовен општонароден
карактер (летото 1944). Во Пиринскиот дел на Македонија беа формирани НО бригада „Јане Сандански“ и Пиринскиот партизански одред „Рила“, а Петричкиот партизански одред беше во постојана врска со единиците на ЕЛАС на пл. Али Ботуш. ширум

Партизани од Пиринскиот дел на Македонија
Македонија беа формирани ок. 500 НОО и беа избрани 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ (ман. „Св. Прохор Пчињски“, 2. Ⅷ 1944) како највисоко законодавно и извршно народно претставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик беше прогласен за служ

Изборот на делегатите за Првото заседание на АСНОМ по местата на потеклото
бен во македонската држава и започна државниот развиток на ДФМ како федеративна држава во рамките на ДФЈ. Тие решенија беа поддржани и од првата легална конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија беа формирани Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски баталјон и потоа Првата егејска НО бригада, која зеде учество во борбите за ослободување на Тетовско и Гостиварско.
Во времето на завршните операции за ослободувањето на Македонија, под командата на ГШ на НОВ и ПОМ веќе имаше околу

Завршните операции за ослободувањето на Македонија
85.000 учесници во НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија. По капитулацијата на Бугарија (9. Ⅸ 1944), германските сили се повлекуваа со големи загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово (19. Ⅺ 1944) заврши целосното ослободување на ДФМ. Подоцна македонските дивизии учествуваа и во ослободувањето на Косово и Јужна Србија, а Петнаесеттиот (македонски) корпус ци, зеде учество и во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Македонскиот народ ја заврши војната со ок. 25.000 загинати борци и жртви на фашистичкиот терор. Со сето тоа НОАВМ даде значителен придонес во антифашистичката војна на Балканот и во Европа.
ЛИТ.: Историја на македонскиот народ, книга трета, Скопје, 1969; Димитар Митрев, Пиринска Македонија и други историографски огледи, Скопје, 1970; Михаило Апостолски, Специфичности развоја Народноослободилачког рата и Револуције у Македонији, Београд, 1978; Д-р Глигор Тодоровски, Окупацијата на Западна Македонија (1941– 1944), второ дополнето издание, Скопје, 1982; Д-р Симо Младеновски, Младината од Македонија во НОБ, Скопје, 1983; Ми
хаило Апостолски, Народноослободителната борба и Револуцијата во Македонија, Скопје, 1985; Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.
Република Македонија (1945–2006). Македонија целосно е ослободена на 19. Ⅺ 1944 г., но, како слободна држава со сите атрибути, функционира од 16. Ⅳ 1945 г., кога на Третото заседание на АСНОМ е формирана првата влада (претседател Лазар Колишевски). Разво-

Лазар
Колишевски

јот на РМ по 1945 г. има две главни фази. Првата е до 1991 г., односно во рамките на југословенската федерација, и втората по 1991 г. како самостојна, суверена и независна држава. Овие две фази имаат свои специфичности.

Веста за првата Влада во првиот дневен легален
весник „Нова Македонија“ (1945)

Развојниот период 1945–1950 г. е познат како административноцентралистички, бидејќи сè зависело од централната власт во Федерацијата, која го креирала сојузното, но имала влијание и за содржината на републичкото законодавство. Уставот на НРМ од 1946 г. бил подготвен според оној на Федерацијата од истата година. Со тоа биле изоставени некои автономни вредности содржани во документите од Првото заседание на АСНОМ.
Напоредно со обновата на Македонија (1945), се пристапило и кон промена на сопственичките односи и подржавување на нејзиниот имот. Со аграрната реформа земјата им се доделувала главно на борците учесници во војната. Стопанските субјекти се централизирале како државна сопственост во главни или пак генерални дирекции, а работниците биле плаќани од државниот буџет. Политичкиот систем се засновувал на еднопартиското владеење на КПЈ (КПМ) со поистоветување на државните и партиските функции.
Успешни чекори, значајни за националниот идентитет, биле направени во областа на образованието и културата. Се афирмирала употребата на македонскиот литературен јазик како државен, а се вовеле и јазиците на националните малцинства во училиштата. Во социјалната сфера, како последица на Граѓанската војна во Грција

на НОВЈ, составен од 22.000 бор-

Македонски бегалци од Костурско (1949)

(1946–1949), НРМ се соочила со бегалскиот егзодус на Македонците. Судирот на КПЈ со КПСС (1948), покрај негативните стопански, предизвикал и негативни политички и национални последици за Македонците од Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија и за македонското прашање воопшто.
Заостанувањето во стопанскиот развој на НРМ било резултат на неуспешното раководење на стопанството и недоволната продуктивност на трудот. Биле иницирани нови промени во стопанските односи. Така, во Македонија се пристапило кон поопштествување и на средствата за производство. Тоа било направено со формалното „предавање на фабриките на работниците“, односно на нивните работнички совети. Тој процес бил именуван како воведување на работничко самоуправување. Промените биле санкционирани во уставните документи од 1953 г. Во овој период (до 1970) биле направени неколку обиди со цел да се забрза развојот и да се етаблира новиот „самоуправен систем“. Затоа тој период може да се дефинира како период на работничкото самоуправување. Развојот на самоуправувањето бил поставуван како приоритетна цел на КПЈ (КПМ). Партијата го променила името во Сојуз на комунистите, но не и суштината на работата. Стопанските неуспеси во државата биле правдани со наводниот застој во самоуправувањето. Во уставните документи од 1963 г., во кои наместо „народна“, Македонија добила име „социјалистичка“ (СРМ), СКМ ја вградил својата водечка улога како уставна категорија. Низ конгресните и другите партиски документи биле делени задачи што не се извршувале.

Расчистување на рушевините на Скопје по земјотресот (1963)
Во 1963 г. градот Скопје бил пого-ден од катастрофален земјотрес со многу жртви, кој, и покрај меѓународната солидарност, предизвикал други последици.
Поради економските и политичките проблеми, од СКЈ (СКМ) кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години биле иницирани нови промени. Била осудена појавата на „либерализмот“ и „национализмот“. Републиките добиле поголеми права. Во уставите од 1974 г., во таа насока, биле воведени договорната економија и делегатскиот систем. Тоа е период на изградувањето на делегатскиот систем и договорната економија.
И со поголемата автономност на републиките не биле решени основните проблеми. Смртта на Јо-сип Броз Тито (1980) нив уште повеќе ги усложнила. Настанала политичка дезориентација, која не ја заобиколила и Македонија. Се зголемила националната нетрпеливост, а во некои средини пламнал прикриваниот национализам. Раководните луѓе во Југославија ја промовирале идејата за продолжување по „Титовиот пат“. Меѓутоа, распадот на југословенската федерација, по неуспехот на ⅩⅣ конгрес на СКЈ (јануари 1990), бил неизбежен. СРМ била доста неподготвена да се соочи со новата ситуација.
Самостојна, суверена и независна Република Македонија е конституирана со Декларацијата на Собранието на СРМ од 15. И 1991 г., а определбата е потврдена на референдумот за самостојност и независност од 8. Ⅸ 1991 г. Веднаш била признаена од повеќе земји. Од 1990 до 2006 г. биле одржани четири парламентарни и ис-то толку претседателки избори. Прв претседател на државата (во два мандата) бил Киро Глигоров. Потоа Борис Трајковски, а по неговата смрт (2004) бил избран Бранко Црвенковски. Прв претседател на Владата на самостојна
Производствен погон во „Тетекс“ – Тетово

Никола
Кљусев

РМ бил Никола Кљусев, а потоа биле избирани Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Никола Груевски. Во времето на самостојноста Македонија се соочила со многубројни политички и економски проблеми. Многу од нив, како, на пр., спорот околу името, приемот во европските интеграции, вработеноста и др. не се решени ни до денес.
Во 2001 г. доаѓа конфликтот помеѓу македонските безбедносни сили со странски агресори со дел и од албанската етничка заедница во Македонија. Научната мисла сè уште нема научно објаснување за тоа. Конфликтот не добил големи размери, но државата во економски и политички поглед ја вратил многу назад. Одредбите од
т.н. Рамковен договор, потпишан на 13. Ⅷ 2001 г. во Охрид, со присуство и на претставници од „меѓународната заедница“, постепено бил имплементиран во измените на Уставот на РМ и во нејзиното законодавство. Н. В.
Стопанството во РМ. По Втората светска војна Македонија постигна динамичен економски раст, проследен со квалитативни структурни промени, не само во економијата, туку и во сите други сфери

Цементарницата „Усје“ во Скопје
на општественото живеење: образованието, науката, културата, здравството итн. Мобилизацијата на сите постојни развојни ресурси по 1945 г., вонредно високите стапки на раст на бруто-инвестициите (во периодот 1952–1983 г. инвестициите во фиксни фондови, во просек, достигнаа 40% од општествениот производ), брзата индустријализација и огромниот ентузијазам на граѓаните во изградбата на сопствената земја ја сочинуваа основата на сестраниот општествено-економски развој. Индустријата го зголеми учеството во формирањето на ОП од 14,7% во 1947, на 42,3% во 1984 г. Во рамките на индустријата, учеството на енергетиката во периодот 1952–1984 г. се зголеми од 3,4% на 8,5%, на машиноградбата од 1,5% на 13,9%, на хемиската индустрија од 1,9% на 14,6%, а беа изградени крупни индустриски капацитети и во црната и во обоената металургија, како и во преработката на нафтените деривати. Земјоделството беше комплетно модернизирано – запрежната сила во најзначаен дел се замени со механизација, се изградија хидромелиоративни системи, се подобри сообраќајната поврзаност на селата, а примената на модерни агротехнички мерки многукратно ги зголеми приносите кај сите земјоделски култури. Земјоделското производство од 1948 г. до средината на 1980-тите
г. се зголеми за 3,5 пати. Македонија изгради модерна и моќна градежна оператива (особено по земјотресот од 1963 г.), која успешно изведуваше крупни градежни објекти во земјата и во странство. Општествениот производ на градежништвото во периодот 1952– 1984 г. порасна за 6,5 пати. Во земјата беа изградени модерни станбени згради, индустриски хали, училишта, сообраќајници (падерни угостителски и туристички објекти итн. Развојот на економијата многукратно ја зголеми вработеноста – бројот на вработени во т.н. општествен сектор се зголеми од 90.000 во 1952, на 489.000 лица во 1984 г.
Учеството на земјоделското население во вкупното население од 75% пред Втората светска војна се намали на 22% во 1981 г. Во периодот 1947–1984 г. општествениот производ на земјата (искажан според потесната „производна“ дефиниција) порасна за 8 па-ти, што претпоставува просечна годишна стапка на пораст од 5,9%. Со продлабочувањето на југословенската економска криза по 1984 г. стапките на раст на ОП станаа стагнантни, а во периодот 1986– 1990 г. и негативни.
Процесот на транзиција, по осамостојувањето на РМ, започна во тешки околности (висока невработеност, висока инфлација, релативно голем внатрешен и надворешен долг и силно дејство на неекономски фактори). Транзициониот „шок“ услови негативни стапки на движење на БДП до 1995 г. (падот на БДП беше драстичен до 1993 г.) и придонесе за натамошен пораст на невработеноста. Но Македонија и во такви услови реализираше крупни реформи во сите сегменти на политичкиот и економскиот систем. Приватизацијата практично е завршена, а во земјата е создадена и богата популација на мали и средни претпријатија. Учеството на приватниот сектор во формирањето на БДП изнесува 65%. Во транзициониот период битно е променета и економската структура на земјата. Учеството на услугите во формирањето на БДП на земјата надмина 50%, преработувачката индустрија учествува со околу 15%, земјоделството со околу 12%, градежништвото со 5,6% итн. Крупните реформи во фискалната и во монетарната сфера дадоа добри резултати: инфлацијата е сведена од 1.644% (1992) на 2,3% (1996) и до денешни дни остана вонредно ниска, буџетските дефицити се ниски и одржливи (во просек помеѓу 0,8% до 1,5%), надворешниот долг на земјата е умерен, девизните резерви се многупатно зголемени (од 3 мил. $ по осамостојувањето на 1,8 млрд. $ бруто денес).
Високата невработеност (над 30%) останува најтешкиот макроекономски и социјално-политички проблем на Македонија. Перзистентната невработеност, меѓу другото, претставува резултат и на ниските стапки на економски раст на земјата во транзициониот период, што од своја страна се условени од малиот обем на брутоинвестициите и од бавното одвивање на структурните реформи – бавно реструктурирање на секторот на претпријатијата, слабо корпоративно управување, неповолна инвестициска клима во нејзините клучни сегменти (слаба заштита на сопственичките права, административно-бирократски пречки и корупција, неповолен пристап на фирмите до средства за финансирање на нивниот раст и сл). Судејќи според индикаторите на ЕБРД за следење на економскиот прогрес во земјите во транзиција и фокусот на реформите во актуелниов период, РМ има реални шанси на среден рок да воспостави функционирачка пазарна економија, што е и услов за нејзино зачленување во ЕУ. Т. Ф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *