„ХАШОМЕР ХАЦАИР“

„ХАШОМЕР ХАЦАИР“ (Младиот стражар) (1921–1943) – еврејска младинска прогресивна организација во Македонија. Била активна во сите поголеми центри во Македонија со еврејско население. Во Штип кенот имал околу 30 членови, го раководител Аврахам-Алберто Барух Цион (1921– 1943). Во Битола бил основан кен со околу 400 членови (1931), со седиште во просториите на еврејското училиште „Ла скулика де ла калежа“. Организацијата развивала воспитно-образовна дејност, изучување на хебрејскиот јазик и приближување кон природата со организирани логорувања (махана). Заедничката цел била да се подготвува младината за заминување во кибуците во Ерец Израел.
ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *