ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“

ЧЕТИРИНАЕСЕТТА МАКЕДОНСКА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА МЛАДИНСКА УДАРНА БРИГАДА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ (с. Митрашинци, Беровско, 17. Ⅸ 1944 – 1945) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од околу 700 главно младинци од Беровско, Делчевско, Кочанско, Радовишко и Штипско и влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Водела борби против германските сили кај Виница, Градец и Зрновци (Кочанско, 18–20. Ⅸ), Делчевско и Штипско, на железничката линија Штип– Велес, на комуникацијата Кочани–Штип, кај селата Горни Балван и Долно Трогирци (12. Џ), извршила напади на Кочани (17. Џ), Градец и Блаце (Кочанско, 20. Џ) и го ослободила Кочани (21/22. Џ), водела борби кај селата Бучишта и Трипотанац, учествувала во ослободувањето на Скопје и подоцна влегла во составот на Четириесет и втората македонска дивизија на НОВЈ (декември 1944). Откако била прогласена за ударна (јануари 1945), влегла во составот на Четириесет и осмата македонска дивизија на НОВЈ, со која учествувала во пробивот на Сремскиот фронт, ослободувањето на Винковци, Славонска Пожега и Загреб. Потоа учествувала во чистењето на теренот од заостанатите германски и квислиншки сили во бизјанското и козјанското подрачје (Словенија).
ЛИТ.: Е. Тасковски и В. Картов, Четиринаесетта македонска младинска ударна
бригада „Д. Влахов“, Одбор на 14-та македонска младинска ударна бригада „Д. Влахов“, Скопје, 1981; Евстати Тасковски,
Борбените дејства на ⅩⅣ македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“во завршните операции за ослободување на Македонија, Тетово и Тетовско во НОВ 1941-1945, Тетово, 1991, 109– 113; Евстати Тасковски, Учеството на Четиринаесеттата македонска ударна бригада „Димитар Влахов“ во борбите за ослободувањето на Скопје, Скопје во НОВ 1944–1945, Сеќавања на учесници во НОВ, Скопје, 1980, 631–639. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *